По одлуката пописот да се одложи во септември, која денеска беше донесена на лидерската средба помеѓу Зоран Заев и Христијан Мицкоски, и лидерот на Левица, Димитар Апасиев се огласи на социјалните мрежи.
– Прво одлагање ПОПИС откако сме членка на НАТО.
Премиере, ами со к*рчењево до вчера, шо праиме?
p.s. После добиената прва рунда, ЈАВНИОТ ПРИТИСОК мора да продолжи да се смени и Методологијата за пописот – со носење на комплетно нов закон, со политички консензус!
p.p.s. Само обединети можеме против Сатрапот!!!, – напиша Апасиев на Фејсбук.