На 73-годишна возраст почина холивудската глумица Сју Лајон. Таа ќе остане запаметена по нејзината улога како Лолита, во филмската верзија на романот на Владимир Набоков.
Сју имала само 14 години кога се појавила на кастингот заедно со уште 800 други млади актерки. Но, со својата појава го воодушевила Стенли Кјубрик, кој воопшто не размислувал двапати пред да ја ангажира токму нејзе за големата улога.
Таа за „Лолита“ освои и Златен глобус за најдобра млада актерка, но кратко потоа се повлече од сцената.
Во текот на својот живот се мажеше дури пет пати, имаше две деца, а во последните години се борела со тешко заболување, поради кое на крај го изгуби и животот.