Синот на претседателот на Аргентина, Естанислао Фернандез има 24 години и студира графички дизајн и илустрација, работи за осигурителна компанија и живее со својата девојка во стан во Буенос Аирес. Меѓутоа, тој не е познат како син на претседателот, туку популарноста му расте благодарение на имиџот на неговото алтерего Дихзи.
На инаугурацијата на својот татко се појавил со свечено одело, но медиумите забележале марамче во боите на виножитото која му висело од џебот. Естанислао Фернандез уште еднаш ја изразил својата поддршка за ЛГБТ заедницата, како и неговиот татко.
Тој во Аргентина е популарна драг кралица која настапува под името Дизи. Минатиот месец се појавил на насловните страни на медиумите како учесник на големата Парада во главниот град на кој имало околу 300.000 луѓе, а потоа својот став уште еднаш го покажа на инаугурацијата на татко му.
Во интервју за радиопрограмата „Не може да се живее од љубов“, признал дека секогаш лежерно ја прифаќал својата сексуалност, иако во училиште му се потсмевале.
„Отсекогаш бев многу женствено момче и ме нарекуваа со секакви имиња“, се присеќава тој.
Одлучил да го смени училиштето и родителите го поддржале во тоа.
Неговиот татко во јуни во интервју за едно радио рекол дека е горд на својот син и дека апсолутно го поддржува.
„Би бил загрижен ако син ми е криминалец, но тој е прекрасен човек“, рекол аргентинскиот претседател и додал дека Естанислао е една од најкреативните личности кои ги познава.
Естанислао вели дека не се разликува по ништо од секој друг граѓанин на светот: „Плаќам стан, имам долгови, кредити, обврски, работа…“
Веќе три години е во врска со девојката Наталија. Таа е фотограф, тату мајстор и уметник.
https://www.instagram.com/p/B3LQxJPnS5Z/?utm_source=ig_web_button_share_sheet