Пилар Рубио, според многумина најубавата водителка на светот и сопруга на фудбалерот Серхио Рамос, на својот „Instagram“ профил објавила две фотографии на кои ја покажала совршената линија.
Пилар позирала во црн, чипкаст градник од модната куќа „Selmark“ со која соработува и чие е заштитно лице, како и „pencil“ здолниште со цветен дезен.
Шпанката собрала речиси 40.000 лајкови и стотици комплименти. Таа неодамна ја претставила новата колекција на костими за капење на споменатиот бренд, во чие креирање и самата учествувала.
Инаку, 45-годишната Пилар, која е мајка на 4 деца, своето дело го довела до совршенство со здрава исхрана и редовно вежбање.
Со Рамос е заедно 10 години, а на својот „Instagram“ профил често објавува фотографии со познатиот сопруг и четирите сина – Серхио, Алехандро, Адријан и Марко.