Со измените на тарифниот систем за електрична енеригја кои ги најавува Регулаторна комисија за енергетика за потрошувачите на регулираниот пазар, поточно за домаќинствата ќе има различни цени, или различна тарифа зависно од потрошувачката на енергија.
– Потрошувачите ќе бидат поделени во четири блокови, во првиот блок се потрошувачи кои трошат до 210 киловатчасови енергија, во втор блок се потрошувачи кои трошат до 420 киловатчасови, потоа во трет блок од 420 до 630 киловатчасови, додека во четвртата категорија се најголемите потрошувачи кои трошат над 630 киловатчасови енергија. Дополнително со новиот тарифен модел ќе се читаат броилата на 35 дена, за да нема сомнеж дека на некој му бил наплатен поголема сума ако пресметките влезат во следниот месец, – вели претседателот на Регулаторна, Марко Бислимоски.
87 проценти од домаќинствата во зимските месеци ќе имаат намалени трошоци, но кај останатите, кои се големи потрошувачи ќе има зголемување на сметките