Скопјанецот М.Ш. (55) пријавил во полиција дека бил киднапиран од страна на две лица, со иницијали М.Н. и Ф.Ј., информира МВР.
Според пријавителот, тие имале договорена средба во слаткарница во врска со кражба што пријавителот ја извршил на 19 мај во казино, каде што работела М.Н. Потоа, со возило отишле на Водно, каде М.Н. и Ф.Ј. му ги врзале рацете со јаже и физички го нападнале. По половина час, според пријавата, го однеле во казиното, од каде лицето било приведено во врска со кривичното дело-кражба.
-Во Полициската станица Карпош, М.Ш. признал дека ја извршил кражбата, по што пријавил дека бил противправно лишен од слобода. Во Полициската станица Карпош бил приведен Ф.Ј.(35) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на М.Н. и за целосно расчистување на случајот.