Деми Ловато кариерата ја започнала како дете актер во шоуто „Барни и пријателите“. Во меѓувреме, таа започнала успешна музичка кариера со објавувањето на нејзиниот деби албум „Don’t Forget“, а потоа следеле и други албуми од кои произлегле бројни хитови.
Деми Ловато е родена на 20 август 1992 година во Албакерки, Ново Мексико. Нејзината мајка, Дијана, е поранешна уметница за снимање кантри музика и навивачка. Деми пораснала со две сестри.
Пејачката едвај преживеала, имала три мозочни удари и еден инфаркт, а после тоа одлучила цврсто одлучила да го преземе „кормилото на животот“ во свои раце и да се „исчисти“. Денес, вели дека е на добар пат, но некогаш пиела вотка во 9 часот наутро, физички ги нападнала придружните танчарки кога ја замолиле да им се приклучи за пробата, а почнала да пие многу рано, како и нејзиниот татко, Патрик.
Таткото Патрик се разделил од нејзината мајка во 1994 година, кога Деми имала само 4 години. Нејзината мајка подоцна нашла друг партнер, а кога била тинејџерка, Деми изјавила дека редовно крадела алкохол од нејзиниот очув.
„Крадев пиво од фрижидерот на очувот, а претежно пиев сама. Тоа требаше да биде главниот показател тогаш“, зборувала Деми своевремено.
Така започнало сè, а потоа на 17 години пејачката се свртела кон кокаинот, во кој признала „дека премногу уживала“.
„На 17 години првпат пробав кокаин и премногу ми се допадна. По 18-тата година отидов на одвикнување од кокаин“, открила пејачката.
Признала дека почнала да експериментира со опијати кога имала само 12 години, а дека се осврнала кон алкохолот и дрогата затоа што била злоставувана уште пред да биде тинејџерка, пишувал „Дејли меил“.
„Првпат почнав да експериментирам на 12 или 13 години. Имав сообраќајна несреќа и ми препишаа опијати. Мајка ми не знаеше дека од нејзината тринаесетгодишна ќерка ќе треба да ја заклучи собата во која се опијатите, но јас веќе во тој период пиев многу“, рекла Деми и додала дека барала бегство во опијатите и алкохолот од проблемите што ја опкружувале.
Двапати била силувана
Пејачката во својата исповед признала дека нејзиниот менаџер ја силувал и „ја оставил да умре“ кога била толку предозирана и онесвестена.
Деми, исто така, открила дека невиноста ја изгубила со силување, како и дека два пати била сексуално нападната.
„Ме силуваа кога ја изгубив невиноста“, изјавила Деми и признала дека во тоа време, додека сè уште била Дизниева ѕвезда, сакала да ја сочува невиноста за брак, а на дечкото со кој се бакнувала му кажала дека не сака „да оди подалеку“ од тоа.
„Реков: Еј, ова нема да оди подалеку, јас сум девица и не сакам на овој начин да ја изгубам невиноста“.
Но тоа не ѝ значеше ништо на таа личност, таа го направи она што таа го сакаше. Се обвинував самата себеси затоа што отидов во собата со него и се бакнував.“
Пејачката открила дека нејзиниот насилник никогаш не одговарал за тоа што го направил. Во понатамошниот разговор пејачката алудирала дека и злоставувачот бил дел од филмската индустрија.
„Не го избркаа од филмот“, рекла Деми, што навело многумина да заклучат дека најверојатно станува збор за некој од екипата на „Camp Rock 2“ или серијата „Sonny With a Chance“, која таа ги снимала во тоа време.