На интимна церемонија со само шест лица, 47-годишната пејачка Сиа се заколна на вечна љубов со Ден Бернард. Прославата се одржа во домот на дизајнерите Долче и Габана во Портофино, Италија.
Пејачката, која си го крие лицето за време на своите настапи, носеше нежно розова венчаница. Нејзиниот избраник, чиј идентитет не беше познат претходно, избра светло син костум.
Инаку, интересно е што Сиа посвои две момчиња во 2019 година, а следната година за GQ изјави дека планира да остане сингл цел живот.