Дали е ова навистина истиот човек? Многумина велат дека е така и дека секој би доживеал ваква трансформација доколку заработи онолку пари колку што тој заработил во последните години.
Павел Дуров, основач и извршен директор на “Telegram” неодамна беше уапсен во Франција.
Дуров беше приведен за наводни прекршоци поврзани со неговата апликација за пораки, во, како што се вели, прелиминарна истрага за наводни прекршоци, вклучувајќи измама, трговија со дрога, сајбер-малтретирање, организиран криминал и терористичка пропаганда.
За истиот Павел Дуров, на кој за кратко време со “Telegram” му успеа она што не успеаја на многу други, се пишува и поради неговата неверојатна физичка трансформација.
Едноставно е незамисливо како изгледал Дуров пред неколку години и како изгледа денес.
Драматичната трансформација, нагласена со фотографиите „пред и потоа“ кои кружат на интернет, доведе до широки шпекулации за пластична хирургија.
Сликите откриваат огромна промена – сопственикот на “Telegram” сега има глава полна со коса и забележително извајано тело, кое се разликува од неговиот претходен изглед.
Оваа трансформација предизвика интензивна дискусија на социјалните мрежи.
Pavel Durov (Founder of Telegram): Before vs. After $15 Billion pic.twitter.com/gMALLOGmO4
— Historic Vids (@historyinmemes) September 28, 2024
Корисниците на социјалните мрежи забележале и дека неговото лице е поинакво.
На популарните профили, неговите фотографии почнаа да се шират како шумски пожар, со коментари како:
„Павел Дуров пред трансплантација на коса и пластична хирургија“, како и „Дуров пред 15 милијарди и потоа“.
Драстичната промена на Дуров не само што ги поттикна шпекулациите за пластична хирургија, туку и ги интензивираше гласините за неговиот личен живот, пишува “Times of India”.
„Ова само покажува дека не сме грди, само сме сиромашни“, „Страшно е што пластичната хирургија може да направи на нечие лице“, „Да ги имав неговите милијарди, би ги направил истите работи за да го подобрам мојот изглед“, беа само дел од коментарите.