Една од легендите на Формула 1, италијанскиот милионер Флавио Бријаторе е позитивен на коронавирус. Тајкунот кој и на стари години важеше за голем заводник, бил примен во болница во Милано во тешка здравствена состојба предизвикана од заразата од ковид-19, а најверојатно тој се заразил во својот ноќен клуб на Сардинија, каде голем број на посетители и вработени веќе биле позитивни на вирусот.
Бријаторе се најде на удар на италијанската јавност, ама и на властите поради непочитувањето на мерките за заштита во неговиот клуб, а властите побарале клубот да биде затворен.
Интересно пред десет дена Бријаторе беше дел од фудбалски меч во хотелот Кала ди Волпе, каде беше сместена српската легенда Синиша Михајловиќ, кој од пред неколку дена е позитивен на коронавирус, но засега без симптоми, што предизвика страв поради здравствената состојба на тренерот на Болоња, кој пред неколку месеци ја победи леукемијата.