Украинката Јана Орфева важи за најскапата љубовница, а медиумското внимание го привлекла откако се открила дека оваа девојка зема по 5.000 евра. Имено, таа му е љубовница на саудиски принц, кој дебело ја плаќа за да биде во нејзино друштво.
Јана и принцот се во врска повеќе од две години, а тој ѝ ја исполнува речиси секоја желба. Благодарение на парите, оваа манекенка си купила станови ширум Европа, како и во родниот Киев, а мултимилионерот не штеди ни кога станува збор за луксузни патувања, брендирани чанти, чевли, како и автомобили.
Како што споделува бројни работи од приватниот живот на социјалните мрежи, така на нејзиниот инстаграм-профил осамнала фотографија од прстенот со специјална изработка Graff, кој чини околу 200.000 евра, што е ситница за принцот, како што наведуваат странските медиуми.
Јана ја следат на Инстаграм 177 илјади луѓе, а таа цифра секојдневно се зголемува. На социјалните мрежи редовно ги објавува своите модни комбинации, но и фотографии од патувања, додека сликите со принцот се реткост – на профилот на Јана има само една фотографија со нејзиниот сакан.
Сепак, по вниманието што го добила како „најскапата и најбогатата љубовница“, во јавноста се појавиле и фотографии што покажуваат како изгледала пред сите операции.
Имено, факт е дека Јана го одзема здивот со својата појава, а не е тајна дека и во минатото била атрактивна и згодна. Сепак, некои промени се многу видливи.
Таа во раната младост била само уште една обична девојка од украинска провинција, која си ја испробала среќата на изборите за убавина.
Иако денес го крие своето минато и тоа како изгледала некогаш, старите фотографии покажуваат колку Јана се променила до денес.
Имено, Јана ги зголемила усните, го оперирала носот и јагодиците, а забележливо е и дека формата на очите ѝ е поинаква, што многумина ѝ го припишуваат на таканаречената Fox-eye процедура.
Јана од моментот кога започнала врска со саудискиот принц ги избришала сите фотографии на кои е со семејството, па на нејзиниот Инстаграм може да се најде само една фотографија, на која е со мајка ѝ и јасно е од кого ја наследила убавината.
Многумина мислат дека операциите не ѝ биле потребни, но дефинитивно добро заработила од својот нов изглед.