Изби пожар на трансформаторот во фотонапонската електрана „Осломеј“ непосредно пред да пристигнат владините функционери, информира ТВ21.
Засега причините за пожарот не се познати.
Според информациите на телевизијата, се работи за трансформатор кој е одговорен за дистрибуција на електрична енергија во дел од централата.