Врховниот судија Наке Георгиев, кој неодамна беше избран за член на Судскиот совет, утрово си поднел оставка.
– Достави известување за оставка од лични причини, велат од Судскиот Совет. Според информациите во јавноста, Георгиев се повлекол бидејќи Судскиот совет треба да го избира неговиот син за судија откако ја за врши судската Академија.
Оттаму дополнуваат дека неговата оставка е констатирана.
Георгиев денеска заедно со неговата колешка Антоанета Димовска требаше да даде свечена изјава пред претседателот на Собранието, Талат Џафери во 9.30 часот, но Собранието ја одложи за во 14 часот.
Според Членот 43, став 4 од Законот за судовите „за судија или судија поротник не може да биде избрано лице кое со член на Судскиот совет на Република Македонија е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар“.