Пред да стане првообвинет во аферата со „Меѓународниот сојуз“, Бојан Јовановски побарал да биде заштитен сведок. Тој се понудил на обвинителството да стане соработник на правдата откако пријавил дека добива закани за ликвидација. Но, Боки 13 не го доби овој статус, туку напротив стана првообвинет за измама и перење пари во неговата невладина организација, пишува тв 24.
Според неофицијалните информации на кои се повикува телевизијата, Јовановски кога бил прашан од кого трпи притисоци одговорил “НН лица (непознати лица)”. Сличен одговор дал и за дејствијата против него, односно не посочил конкретни случаи. Обвинителката Вилма Русковска не сака да коментира ништо во врска со овој случај, а од друга страна Сашко Дукоски, адвокатот на Јовановски во изјава за медиумите вчера потврди дека заканите доаѓале од високи претставници во државата, но дека во јавноста не сме да сподели ништо.
Јовановски за време на вчерашното рочиште најави дека сите информации сака да ги сподели со републичкиот обвинител Љубомир Јовеск.