Како што објави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на повеќе извори, пред масакрот убиецот ја застрелал својата баба, која е во критична состојба во болница.
Информацијата за Си-Ен-Ен ја потврдиле три лица поврзани со истрагата, а полицијата само официјално им потврдила дека бабата е пренесена во болница.
Инаку, 18-годишниот Салвадор Рамос упадна во училиште во Тексас и уби 19 деца и двајца возрасни, а потоа и самиот почина, најверојатно во размена на оган со полицијата.