Полицискиот час во следната недела да почнува од 21 часот до 05 часот, и отворање на летните тераси на угостителските објекти, е предлогот на Комисијата за заразни болести по состанокот утрово, информираат од Комисијата за ТВ21.
Одлука веќе е донесена и од страна на Кризниот штаб.
Со тоа ќе се скрати траењето на полицискиот час во целата земја, а угостителите ќе може да служат гости, но само на отворено, е ставот на Комисијата, пренесува ТВ21.
Комисијата ќе го достави предлогот до Владата, а потоа на седница треба да одлучи за прифаќање.
Во изминатите три недели во нашата земја имаше полициски час од 20 часот, и забрана за работење на угостителските објекти.