Мајкл Бернд од Дрезден имал 23 години кога решил да се качи во авион и да отпатува за Австралија, каде запознал Бразилка со која ја поминал ноќта.
Ова искуство толку многу го воодушевило што решил да отпатува во сто земји и да спие со барем една жена во секоја од нив.
Така започнала авантурата која траела осум години.
Во тие осум години доживеал многу. Тој бил порно актер во Шпанија, а во Мексико завршил во затвор поради секс на јавно место. Пливал со ајкули, научил неколку јазици, пробал разни дроги и направил бројни тетоважи.
За да може да ги финансира своите патувања, работел разни сезонски работи, најмногу во ресторани. Во Австрија готвел за Владимир Кличко и австрискиот фудбалски тим.
За време на неговото патување, тој дури успеал да се ожени двапати, еднаш за да добие виза за Австралија, вториот пат пијан во Лас Вегас.
Кога бил блиску до својата цел, се случило нешто што засекогаш му го сменило животот – ја запознал љубовта на својот живот, Лиза.
– Ја запознав во 90-тата држава. Таа беше многу разбирлива и чувствуваше дека прво треба да го завршам мојот предизвик. Така направив, а сега двајцата патуваме заедно – заклучил Мајкл, кој напишал и книга за својата авантура.