Шведскиот тенисер Робин Содерлинг имал големи психички проблеми во текот на играчката кариера. Најдобар пласман му беше четвртата позиција на АТП листата, а замина во пензија во 2015 година откако доби дијагноза за ифективна мононуклеоза.
Неодамна Содерлинг откри со какви стравови се соочувал во кариерата и дека тие во еден момент го терале на самоубиство.
– Имав постојана анксиозност, тоа ме јадеше однатре. Седев со станот и најмалиот шум ми создаваше паника. Еднаш кога падна писмо низ вратата толку се исплашив што завршив на подот. Дури и од звонењето на телефонот се тресев од страв – открива Содерлинг во програмата „Verano en P1“.
Швеѓанецот вели дека проблемите започнале во 2009 година.
– Ме фати паника и почнав да плачам. Плачев речиси секој пат кога добивав напад на паника и тоа кога требаше да излезам на терен. Во еден од таквите моменти сфатив дека не можам повеќе, дури и да ми ставеа пиштол на главата-јас не сакав да излезам на теренот во тој момент. Дојдов до тоа да одам на Гугл и да видам како да извршам самоубиство. Иако внатре во себе си велев дека не сакам да се самоубијам, тогаш се беше подобро од тој пеколен живот кој го имав – признава Содерлинг.