За прв пат во модерната историја се одложуваат едни Олимписки игри. Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) Томас Бах соопшти дека летната Олимпијада која требаше да се одржи во Токио, се одложува.
Денес, Абе, Бах и шефот на организациониот комитет на Олимпијадата, Јоширо Мори, одржаа видеоконференциски состанок на кој се разговараше за одложувањето на Олимпијадата поради пандемијата на коронавирус.
– Предложив г-дин Бах да ги одложи Игрите за една година. Тој 100% се согласува со мене, изјави Абе.
Попладне ќе се одржи состанок на Извршниот комитет на ИОК на кој ќе треба оваа одлука да се официјализира.
Одлуката дојде откако претходно јапонскиот премиер Шинзо Абе предложи ЛОИ во Токио да се префрлат за следната година.
Игрите во Токио требаше да се одржат од 24 јули до 9 август.