За прв пат во историјата мнозинство српски граѓани се против влезот на Србија во Европската унија, покажува истражувањето на агенцијата Ипсос.
Причина за тоа се притисоците што Србија ги трпи од ЕУ, а се однесуваат на воведувањето санкции против Русија.
Според истражувањето на споменатата агенција, дури 44 отсто од граѓаните се против евроинтеграциите, додека 35 отсто се за, а останатите 21 отсто не знаат или не сакаат да се изјаснат.
По правило, поддршката за пристапување во ЕУ паѓаше во кризни ситуации – кога се зголемуваа притисоците за Косово или кога беше прогласена пандемија на коронавирусот.