Украинците Јарина Ариева и Свјатослав Фурсин се венчале само неколку часа откако Русија ја започна инвазијата на нивната земја. Првиот ден како брачна двојка го поминаа со пушки и подготвувајќи се да ја одбранат Украина.
Свадбата требало да се одржи во јуни, но парот повеќе не бил сигурен што носи нивната иднина.
Ариева и Фурсин и двајцата се приклучиле на Територијалните одбранбени сили, огранок на вооружените сили на Украина, што се состојат главно од доброволци. Откако се вооружиле, парот се упатил кон канцеларијата на нивната политичка партија, Европската солидарност.
„Во моментов, ние сме тука и правиме се што можеме. Значи, има многу работа, но сепак, се надевам дека се ќе биде во ред“, рече Ариева, додавајќи дека на некои цивили кои не се дел од одбранбените сили им биле даден