Холивудскиот глумец Џони Деп денеска или утре треба да пристигне во Белград по повод промоцијата на неговата анимирана серија произведена во Србија „Пафини“, во продукција на „Архангел студио“ од актерот Милош Биковиќ, а создадена во „Јерволино студиос“.
Познато е дека Џони Деп ќе помине еден ден во главниот град на Србија, за време на кој ќе се сретне и со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во Андриќевиот венец.
По прес-конференцијата, следува турнеја низ студиото, а како што пишуваат српските медиуми, актерот ќе биде сместен во претседателскиот апартман на еден познат хотел. За ручек и вечера ќе се служат национални јадења од Србија, како и ракија и вино.
Инаку, во една прилика, кога го прашаа актерот што му оставило најголем впечаток од храната во Србија, без двоумење, рече – „ќебапчиња“.
Џони Деп минатата година додека беше во Монте Карло изјави дека ги „обожава“ Србија и Србите. Првпат беше во посета во Србија во 1992 година.