Комисијата за заразни болести на владата ќе и предложи сите економски оператори да имаат крај на работното време во 23 часот односно, еден час пред полноќ се ќе мора да биде затворено. Покрај оваа мерка, Владата ќе предложи и 50% намалување на капацитетите во јавниот превоз – изјави министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конфереција.
„Ако овие мерки не дадат резултат, следниот чекор ќе биде полициски час.Во целиот свет се прифаќаат овие ,мерки и во таа смисла не се разликуваат од другите земји, ние бевме првата земја во регионот која донесе одлука да се носи маски на затворено. Во законската измена утре ќе биде внесен уште еден ств за да се прифаќаат сите мерки кои ќе бидат прифатени од Влада. За да се прифати овој предлог од пратениците ќе биде потребно мнозинство од 61 глас, се надевам дека овие мерки ќе стапат на сила оваа недела“, изајви Филипче.