Жена од Јужна Флорида е првата мајка за која е познато дека родила бебе со антитела на ковид 19 по вакцинирањето, велат педијатрите.
Таа работи во здравството, а ја примила првата доза на вакцината „Модерна“ против ковид 19 во јануари, на 36 недела од бременоста.
Лекарите ги објавија своите набљудувања, иако целиот случај допрва треба да се испитува. Оваа мајка роди здраво девојче три недели по нејзината прва доза на Модерна вакцината, а антителата кај бебето ги открија лекарите при породувањето кои извршиле тестови на крвта од папочната врвца.
„Затоа, постои можност вакцинираните мајки да им обезбедат на своите бебиња подобра заштита од вирусот и да го намалат ризикот од инфекција“, велат лекарите, како што пренесува Гардијан.