Имено, Меланија Трамп недостигот на храна за бебиња низ земјата, за што првенствено зборуваше во нејзиното гостување, го опиша како „срцепарателен“, велејќи дека „раководството“ е одговорно за кризата. Интервјуто на поранешната прва дама на Америка ќе се емитува целосно денеска. Во тизерот објавен во петокот вечерта водителот Пит Хегсет побара нејзино мислење за споменатиот проблем, а Меланија имала подготвен одговор, пренесува „Дејли мејл“.
„Потресно е да се види дека дохрана не е достапна за децата во 21 век во САД“, рече таа.
52-годишната дама се повлече од јавноста откако ја напушти Белата куќа во јануари 2021-ва година. Имено, Меланија Трамп во декември објави дека го продава првиот незаменлив токен (NFT), наречен „Melania’s Vision“.
Тоа е првото дигитално уметничко дело што Меланија го продава на нејзината нова платформа за незаменливи токени, на страницата „MelaniaTrump.com“.
Станува збор за акварел на уметникот Марк Антоан Кулом, кој ѝ ги насликал очите, а во него има и аудио снимка од Меланија Трамп, соопштија од нејзиниот кабинет.
Дигиталното уметничко дело ќе чини околу 150 долари и ќе биде достапно за купување до крајот на годината. Дел од приходите, како што е најавено, ќе одат за помош на децата од згрижувачки семејства.