Ларса Пипен и Маркус Џордан сè уште се заедно и покрај озборувањата дека нивната врска брзо ќе се распадне поради големата разлика во годините. Освен тоа, прстенот на раката на Ларса ги подгреа приказните за наводната свршувачка, но двојката веднаш го демантира тоа, истакнувајќи дека Маркус ѝ подарил ветувачки прстен на саканата.
Маркус им кажал на фотографите дека венчавката е во процес и дека барале локација за церемонијата. Неговите коментари и фотографиите на Ларса со прстенот брзо станаа вирални и им го привлекоа вниманието на нивните пријатели и на семејството.
„Имав стотици повици и СМС пораки од луѓе кои ни честитаа“, рекла таа.
Маркус открил дека се слушнал и со своите родители – со татко му, легендата на НБА Мајкл Џордан, кој му испратил повеќе пораки, како и со неговата мајка Хуанита Ваној, која му испратила еден куп емотикони. Иако не елаборирал што пишувало во пораките на поранешната ѕвезда на „Чикаго Булс“, Мајкл јавно го споделил своето неодобрување на нивната врска во јули.
На прашањето од папараците дали ја одобрува романсата на неговиот син со Пипен, пензионираниот спортист одлучно кажал „НЕ“.
Потоа, Ларса признала дека ѝ било непријатно поради одговорот на Мајкл, но сугерирала дека неговата реакција веројатно произлегла од наводната караница на нејзиниот поранешен сопруг Скоти Пипен со неговиот поранешен соиграч од „Чикаго Булс“.
Злобниците велат дека фаталната Ларса со години гледала како Маркус расте, со оглед на тоа што неговиот татко, легендарниот Мајкл Џордан, му бил добар пријател на поранешниот сопруг на Ларса, Скоти, со кого играл за истиот тим. Често можат да се прочитаат коментари дека Ларса некогаш му менувала пелени на Маркус, а сега спие со него по цели денови.
Ларса отсекогаш знаела како да го привлече вниманието на јавноста, а ова не е ни првиот ни последниот пат да ги полни медиумските написи со своето однесување. Така, своевремено доживеала вистински линч кога се дознало дека е во врска со НБА кошаркарот Малик Бисли, во истиот период кога неговата млада сопруга Монтана останала бремена. Се шушкало дека токму таа го убедила Малик дека бебето не е негово, поради што Монтана била исфрлена на улица.
Секако, излезе дека детето е негово, но тоа не ја интересирало Ларса. Таа и понатаму си правела по свое. Своевремено беше во центарот на скандалите и поради некогашните најдобри пријателки Кардашијанките.