Џенифер Лопез и Бен Афлек деновиве се во Париз на меден месец. Двајцата се венчаа пред неколку дена во Лас Вегас, а во Париз дојдоа со децата и вечераа во ресторанот Ле Матињон.
Џенифер Лопез носеше црвен фустан на преклоп, додека Бен беше облечен во син костум. Според фотографиите, може да се забележи дека заедно со нив се и двете ќерки на Бен, Вајолет (16) и Серафина (13).
Инаку, Бен Афлек и Џеј Ло беа свршени во периодот од 2002-ра до 2003-та година, но тој пат не успеаја да стигнат до олтар. По 18 години, тие одлучија минатата година да ѝ дадат втора шанса на својата врска.