Земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала ноќва ја потресе територијата на Црна Гора, по што следеа низа послаби земјотреси. Институтот за хидрометеорологија и сеизмологија на Црна Гора соопшти дека епицентарот бил на пет километри од градот Чараѓе во општина Плужине.
Eпицентарот беше на длабочина од 14 километри.
Потресот се почувствува и во Македонија.