Глумицата Риалда Кадриќ е позната по ликот на Марија од филмските продолженија за серијалот „Жикина династија“. Таа сподели со јавноста шокантната исповед дека за време на војната што избувна во Југославија во раните деведесетти години, ненадејно починала нејзината мајка.
„Бев во Лондон на усовршување на јазикот. Тој 16-ти јануари 1991 година, кога војната започна, мајка ми ненадејно почина на улиците на Белград. Седев во стан во Лондон, гледав вести, за почетокот на војната, кога ме застекна оваа вест. Аеродромот беше затворен и немав начин да се вратам дома“ – изјави Риалда. Истовремено таа открива дека ликот на Марија во серијалот „Жикина династија“за прв пат го играла во таа 1977 година кога имала само 13 години.А првиот бакнеж во животот и бил токму оној со Боба, и тоа пред камерата во овој легендарен филм, односно во неговиот прв дел кој носи наслов „Луде године“, зашто претходно немала ниту момче ниту љубовно искуство, па и не знаела како тоа се прави.