Актерската легенда Милена Дравиќ денеска ќе славеше роденден. Таа во својот живот имала неколку големи љубови, а Драган Николиќ и била најголема и последна. Сепак, малкумина знаат дека пред Драган, Милена долги години била заљубена во друг човек. Се работи за режисерот Младомир Пуриша Ѓорѓевиќ, за кого глумицата се омажила во 1960-та година кога имала 20 години.
Филмскиот режисер и сценарист кој во мај прослави 93 години, и денеска истакнува дека Милена била негова најголема љобов.
“Љубовта прерасна во брак. Во тоа време беше голема звезда. Одевме заедно од филм во филм. Но, кога приметив дека и сметам и дека не сум човек за неа -пријателски се разделивме,“ открива Пуриша и додава:
“Од сите жени кои ги познавав и кои ги сакав, сеуште најмногу ја сакам Милена Дравиќ“.