Според британското здружение на дерматолози, кое ги анализирало пријавените симптоми преку апликацијата Covid Symptom Study, сувите, болни и испукани усни може да бидат еден од најраните знаци за ковид-19.
Оралните знаци на коронавирус се само мал број можни симптоми кои се појавуваат на кожата.
– За време на пандемијата на коронaвирусot, стана јасно дека покрај главните симптоми на треска и кашлица, симптомите можат да се развијат и на кожата. Извештаите од Кина, а потоа и од Европа, покажаа дека САРС-КоВ-2 во 20 проценти од случаите покажува симптоми на кожата, бидејќи вирусот предизвикува многу имунолошки реакции, па затоа не е ни чудо што кожата е вклучена во приказната. Така можете да почувствувате болни усни, кои се сушат и се лупат. Може да се појави и болка во устата – се наведува во соопштението на дерматологот.
Сепак, само затоа што усните се суви, не мора да значи дека имате коронавирус, особено во овој период од годината.
За да не влезете воопшто во дилема, совет е да ги покриете усните со шал за време на студеното време кога сте надвор.
Меѓутоа, ако усните се различни од вообичаеното во овој период од годината, советот е веднаш да се изолирате и да се тестирате пред појавата на очигледни симптоми.