Се појави првата заедничка фотографија на Анѓелка Прпиќ со пријателот на нејзиниот сопруг со кого чека дете.
Имено, актерката се појавила на приватна роденденска забава со својот нов избраник. Јасно е дека Прпиќ блеска покрај својот нов партнер, а кој воедно и беше поранешен кум, односно најдобар пријател на нејзиниот поранешен сопруг.
Иако Анѓелка не сакаше јавно да зборува на оваа тема, нејзината колешка Тихана Лазовиќ Трифуновиќ на Инстаграм објави фотографија со својот сопруг, водителките Марија Килибарда и Славко Белеслина, како и со колешката Анѓелка и нејзиниот нов избраник.
Ова е прва заедничка фотографија на Анѓелка и нејзиниот избраник. Она што е евидентно е дека Прпиќ не ја тргнува насмевката од лицето додека позира покрај партнерот, а ова е прва фотографија во јавноста откако се појави информацијата дека актерката се забавува со најдобриот пријател на нејзиниот поранешен сопруг.