Џенифер Лопез одлучи на својата публика да и понуди нешто подруго, па објави десетминутен влог под името “Twin talks” или “Разговор со близнаците“. Замислата на популарната Џеј Ло и и била да ги интервјуира своите близнаци.
– Ќе се обидам да направам нешто поинаку денеска. Секогаш ме прашуваат исти прашања, па одлучив моите деца да ме прашаат нешто поинтересно – вели Џенифер.
Синот и ќерката најпревен биле помалку срамежливи, а потоа се опуштиле и почнале да и поставуваат разни прашања, од тоа дали правела “белји“ како дете, па до, кого повеќе сака, нејзе или него?.
Џенифер признала дека како мала била послушна, но, повремено сакала да биде немирна, па ги изброила особините кои најмноги ги сака кај нејзините близнаци.