Пратеникот од “Левица“, Борислав Крмов на својот Фејсбук профил објави фотографија од автобуска станица, под која напиша дека од работа дома се враќа со автобус.
„Дома со автобус. Пратеничката плата е повеќе од доволна за да се покријат сите трошоци за пат, хранарина, престој во Скопје и плус да се донира 25% во Солидарниот фонд на Левица, што е наша партиска обврска. Се друго е невидено безобразие и грабеж на оваа бедна и напатена земја. Ние не дојдовме тука да профитираме на грбот на народот, туку да бидеме неговиот глас во законодавниот дом!“, напиша Крмов.