Потпретседателот на СДСМ, пратеникот Мухамед Зеќири на својот Фејсбук профил објави дека утрово му се родила ќерка од бракот со втората сопруга Бисера.
,,Благодарни сме Господе што на овој ден, 24.02.2020, нè израдува со ќеркичка.
На овој свет денеска дојде Далиа Нани Зеќири, 50 см и 3.280 г.
Бескрајно благодарни сме Господе што го израдува нашето семејство. Се молиме Господе оваа радост која ние ја почувствувавме денеска, да ја почувствуваат и сите оние парови кои посакуваат да имаат деца!!!
Амин “објави Зекири.
Инаку, Мухамед Зекири и Бисера Јордановска стапија во брак минатата година, по повеќегодишна љубовна врска. Зекири веќе има две ќерки од претходниот брак, а Бисера син.