Пратеник од редовите на СДСМ, Мартин Костовски денес е казнет откако бил фатен дека зборувал на мобилен додека управувал автомобил. Полицијата го запрела Костовски на патот Куманово-Скопје и го казнила поради прекршување на Законот за безбедност во сообраќајот.
“Полициски службеници од СВР Скопје денеска (18.01.2021) му врачија платен налог на пратеникот М.К., кој го прекршил Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата со тоа што зборувал на мобилен телефон додека го управувавал своето возило на патот Куманово-Скопје. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта во Република Северна Македонија”, велат од МВР.
Инаку, Костовски е поранешен директор на „Службен весник”, а денес е пратеник од редовите на СДСМ.