Виолончелистот Стјепан Хаусер од „2Cellos” одржа концерт во празната Арена во неговата Пула.
Kонцертот „Сами, заедно“ , тој го посвети на сите лица кои се во првите линии во борбата со коронавирусот.
“ Парадоксално е што прв пат свирам во празната Арена, но никогаш пред повеќе публика бидејќи концертот виртуелно го следеше публиката од целиот свет. Го чувствував присуството на сите тие силни души од целиот свет и некако беше и потресно“, изјавил Хаузер.