Селекторот на фудбалска репрезентација на Израел, Андреас Херцог ќе мора да помине 14 дена во карантин по доаѓањето во Израел поради строгите мерки кои ги презеде тамошното Министерство за здравство поради коронавирусот.
Во карантин се пратени веќе неколку луѓе од Израелската фудбалска федерација кои заедно со Херцог учествуваа на церемонијата на извлекување на групите за Лигата на Нациите во Амстердам која се одржа во вторникот.
Како дел од превентивните мерки, карантинот во Израел е задолжителен за сите кои учествувале на настани каде имало повеќе од 100 лица, а настаните се одржани во последните две недели.
“ Не можам да одам во карантин. Морам да ја подготвам репрезентацијата за мечот со Шкотска“, реагирал Херцог.
Инаку, репрезентацијата на Израел во Лигата на Нациите се најде во групата 2 од Б дивизијата каде ќе игра против Словачка, Шкотска и Чешка.