Најголемиот брод за крстарење во светот прави повеќе од 30.000 оброци дневно за повеќе од 6.600 патници кои се качуваат на неделно ниво.
Патниците на Royal Caribbean Symphony of the Seas можат да јадат до осум пати на ден, заради што персоналот мора да подготви огромно количество храна.
– Мора да пресметате дека станува збор за појадок, ручек и вечера, плус ужина, плус ноќе, плус 24 часа храна наоколу и никогаш да не се случи да нема – изјави за Инсајдер Алан Џентиле, шеф за развој на кулинарски иновации.
– Сумата е луда – додава тој.
Џаред де Силва, управителот на залихите на бродот, има неделен буџет од еден милион долари (околу 923.550 евра) за да набави храна за 23-те ресторани на бродот. Кога овие пари се претвораат во храна, се вклучени повеќе од 600.000 тони храна и пијалоци.
Во кујните кои работат деноноќно се вработени 1.000 готвачи.
– Некои од луѓето почнуваат со работа во 8 часот наутро и работат до 14 часот, паузираат до 17 часот и продолжуваат со работа до 21:30 часот. Потоа втората група почнува да презема во 22 часот, до 10 часот изутрина. Значи покриваме ден и ноќ – вели главниот газда за Инсајдер.
Рестораните имаат различни цени за да одговараат на широкиот опсег на патници во крузерот.
-Имавме ресторани на пентхаус, во апартман, главен ресторан…Ги имаме сите можности. Затоа се трудиме да им угодиме на сите, за секој да го најде тоа што го бара – додава тој.