Судечкиот совет од Основниот кривичен суд Скопје ја објави пресудата за случајот „Организатори на 27 април“, со која поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски доби 6 години и 6 месеци затвор, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески 6 години и три месеци, поранешниот министер за образование Спиро Ристовски 6 години и три месеци, а поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски доби 6 години. Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.
Според образложението на Судот, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски давале насоки на пратениците како да се однесуваат на 27 април и настанот го организирале со умисла да го загрозат уставниот поредок.
Во истрагата беа опфатени и поранешниот премиер Никола Груевски и ексразузнавачот Никола Бошковски, но постапката за нив е запрена додека не станат достапни на органите на прогон.
Comments are closed.