Перо Илак (79) и девет години помладата Манда биле еден покрај друг до самиот крај, пишува „Плуспортал“. Откако прво починал Перо, и неговата сопатничка набргу „замина“ по него, пренесува „Н1“.
Потомците на Манда и Перо во еден ден неочекувано останаа без двајцата родители, т.е. без нивната (пра)баба и (пра)дедо. Тие истакнуваат утеха им е што и во смртта „останале заедно“ откако минале половина век заедно.
Тие во педесетте години заеднички живот, на помладите им ја пренеле и меѓусебната приврзаност, верност и посветеност – особини што ги красеа до крајот и кои веројатно придонеле да не отидат на последното патување еден без друг.