Познатата актерка Шерон Стоун ја рекреираше својата иконска сцена од филмската класика „Ниски страсти“ и во оваа прилика позираше во долна облека.
66-годишната Шерон Стоун на својот Инстаграм профил сподели фотографија на која позира во црвена, чипкаста долна облека, 32 години откако славно ја играше улогата на заводливата Кетрин Трамел.
„Сурово… ваша“, накратко напиша во описот на фотографијата која за само 12 часа заработила повеќе од 131.000 лајкови.
Овој пат, во култната сцена на полициско испитување не беше вклучен Мајкл Даглас. Потсетуваме дека додека ја бомбардираа со прашања, Кетрин им го одвлече вниманието со прекрстување на нозете, оставајќи ги мажите збунети бидејќи беше јасно дека не носи долна облека. Сцената во тоа време беше многу контроверзна, но и денес е една од најлегендарните во филмската историја. Коментарите под објавата, очекувано, продолжија да се нижат.
„Уште и поубава“, „Не можеш да изгледаш толку добро“, „Не ми се верува дека поминаа 32 години“, „Не си остарела ни ден“, „Уф, ни требаше ова, жени кои не се срамежливи да ја покажат сета своја убавина на која било возраст“, „Феноменално, исто како пред 32 години“, се дел од коментарите..