Според пишувањето на странските медиуми, холивуската глумица Џулија Робертс се разведува од нејзиниот сопруг 50 годишниот Даниел Модер.
Изворот за National Enquirer изјавил дека тие се на чекор од развод, а причина е кавгата до која дошло при организирање на роденденска забава.
“Џулија очекуваше голема прослава за роденденот, а Даниел сосема потфрли во тој сегмент, па таа го обвини дека не му е грижа за неа. Кавгата брзо поминала во викање, а сè заврши така што глумицата го исфрли од заедничкиот дом“, открил извор близок на двојката.
Инаку, ако дојде до развод тој може да биде “тежок“ 200 милиони долари.