Поранешната американска тенисерка, Ешли Харклроуд, повторно го привлече вниманието во јавноста, исто како пред 12 години кога одлучи да се фотографира за „Плејбој“. Таа се фотографирала целосно гола и ја покажала својата сексапилна тетоважа над задникот.
Инаку, Ешли во јуни, 2003-та година го остварила својот најдобар пласман на WTA листата, кога го зазела 39-то место и тоа само три години откако одлучила професионално да се занимава со тенис. Потоа поради бременост одлучила да направи пауза во 2009-та година, за во 2010-та повторно да се врати на тенисот.
За „Плејбој“ одлучила да се фотографира во 2008-та година додека одмарала дома по претходната операција која што ја имала.
„Лежев три недели и едноставно стигна понудата. Размислував, па сфатив дека моментално не работам ништо и одлучив да се фотографирам. Зошто да не, горда сум на своето тело и го претставував женското тело на спортистките“ – изјавила Американката пред 12 години.
https://www.instagram.com/p/B-pUHuWl7PZ/?utm_source=ig_web_button_share_sheet