ТВ презентерка Билјана Дебарлиева, се збогуваше со Канал 5 ТВ и на своите колеги и им се заблагодари за досегашната соработка. Тоа го стори по пат на социјалната мрежа Фејсбук каде напиша
„Денеска беше моето последно појавување на фрекфенцијата на Канал 5 ТВ, медиум кој ми ја даде довербата во изминативе 11 години. Ви благодарам за досегашната соработка, а благодарност и до Вас драги колеги за сите убави зборови, насмевки, шеги и уживањето во утринскиот ритуал на пиење кафе. До нешто следно… ќе ми фалите“изјави Дебарлиева.