Кон крајот на март, 33-недели бремената Ангела Примаченко од Ванкувер, Вашингтон, почна да се чувствува лошо. Стравувајќи од најлошото, таа се тестирала за коронавирус. Била тестирана позитивно на вирусот, а неколку дена подоцна била во медицински предизвикана кома. Кога се разбудила, се шокирала кога дознала дека веќе го родила своето бебе.
Кога докторите увиделе дека таа наслабнува, кажале на нејзиното семејство дека сакаат да ја стават во медицински предизвикана кома за да може да ја искористи нејзината останата сила за борба против вирусот.
Додека била сè уште во кома, нејзините лекари откриле дека нејзиното неродено бебе, девојче, треба да се роди шест недели порано. Тие ја породиле Примаченко на 1 април.
-По сите лекови што ги примив и по 10 дена во кома, кога се разбудив приметив дека стомакот ми го немаше. Тоа беше потполн шок за мене – се сеќава Анггела и додава деки семејството се смироло кога излегла од кома.
-Сите стоеја во ходникот и ракоплескаа. Не можам да ви го опишам тоа чувство, моментот кога знаете дека сте безбедни, дека ја напуштате интензивната нега и одите во болничкото одделение.
Засега ја преместија ќерката на Примаченко во одделот за интензивна нега на новороденчиња, но мајката е сè уште во изолација и не смее да биде со бебето, додека не се направи вториот тест за коронавирус.
Инаку, Докторот го тестирал сопругот на Примаченко, Дејвид и новороденчето за вирусот, тие биле негативни.