Топ моделот Данијела Димитровска и ТВ водителот Огњен Амиџиќ решија да се разделат по десет години брак. Иако делуваа како хармоничен пар, без кавги и скандали, ненадејно и двајцата решија да продолжат понатаму, но соло. Двајцата излегоа со заедничко соопштение, а повеќе нема да даваат изјави на оваа тема.
„Сакаме да ве информираме дека решивме да се разделиме, а одлуката за разводот ја донесовме заедно. Ќе останеме во пријателски односи заради интересите на нашиот син и во оваа прилика повеќе нема да се огласуваме ниту да даваме изјави. За нашиот развод не е виновна трета личност, така што нема простор за дополнителни шпекулации. Им благодариме на сите медиуми за досегашната соработка и ве молиме да ја почитувате одлуката да не зборуваме на оваа тема“, рекле Огњен и Данијела во заеднички соопштение за медиумите.
Кога во 2009 година ја видел Данијела Димитровска, тогаш оженетиот Огњен Амиџиќ сфатил дека таа е жената со која сака да го помине остатокот од животот. Три години подоцна се венчале, но нивната љубов опстана само една деценија, а Огњен ја проживува репризата на брачниот бродолом.
Амиџиќ претходно беше во брак со Милица Марковиќ, која ја запозна на работа. Тие се венчаа во 2006 година, а се разведоа во 2010 година, кога со заедничка изјава и се обратија на јавноста.