Пејачката Џесика Симпсон по десет години брак се разведува од поранешната НФЛ ѕвезда Ерик Џонсон. Веста ја потврдија повеќе извори за американските медиуми.
Како што пренесува „Хиндустан тајмс“, четириесет и четири годишната пејачка е со „скршено“ срце и оваа одлука ја поднесува доста тешко.
Повеќе извори тврдат дека парот долго време живее одвоено и дека се обидуваат да ги заштитат деца од се погласните озборувања за причините за разделбата.
Шпекулациите дека двајцата се разведуваат ги започна од Ерик, кој минатата недела беше фотографиран во обична прошетка – но без бурма.
Ниту Џесика не можеше да ја скрие болката од она низ што поминува, а исто така неодамна беше фотографирана во јавност без бурма.
Тогаш за прв пат се огласи извор близок на холивудската двојка и им посочи на странските медиуми дека сопружниците не се во најдобри односи, но се обидуваат сето тоа да го скријат од јавноста. Иако двојката допрва треба јавно да ги потврди гласините и двајцата се навистина посветени на благосостојбата на децата и се обидуваат да ја задржат приватноста што е можно подолго, велат извори блиски на парот.
Инаку, Џесика и Ерик се венчаа во 2014 година и беа во брак 10 години, од кој ги имаат ќерките Максвел (12) и Бирди (5) и синот Ејс (11).