Храбриот Босанец Нихад Ибрахимовиќ спасил мајка и две деца од превртен автомобил во американскиот град Хартфорд (Конектикат), а на Фејсбук страницата на здравствената организација Juniper Homecare, чијшто Ибрахимовиќ е долгогодишен член, го пофалиле овој херојски чин.
„Нашиот сопствен херој! Рано утрово, додека бил на рута за испорака на улицата Саут Витни во Хартфорд, Нихад Ибрахимовиќ, менаџер на Џунипер повеќе од 17 години, забележал нешто во далечината. Кога се приближил, видел дека автомобилот се превртел на сред пат. Кога го видел автомобилот како чади, знаел дека нема многу време и скокнал во акција“, се вели во соопштението.
Тие понатаму појасниле дека Нихад повикал брза помош и брзо се упатил кон местото на несреќата без да размислува за последиците.
Кога се приближил, видел мајка и нејзините две мали деца заробени во автомобил.
„Тој брзо реагирал, го скршил прозорецот и ги повлекол на безбедно додека не дојде брзата помош“, додаваат од организацијата.
Тие, исто така, ги нарекле постапките на Нихад несебични и херојски.
Чест ни е што имаме ваков херој во нашиот тим“, велат тие.
Објавија и неколку фотографии од местото на несреќата, но и Нихад, кој по тој херојски чин доби посебно паркинг место со бројни честитки и благодарници.
А убави зборови, честитки и поддршка се редеа во коментарите во кои и Американците и Босанците го пофалија овој храбар човек.