Ријана повеќе не е во врска со арапскиот милијардер Хасан Џамил, пишуваат американските медиуми.
“Двојката“ која беше три години заедно претходно долго ја криеше врскатата. Пред две години поп пејачката објави фотки со Хасан и откри дека е во врска со арапскиот милијардер.
Ријана и Хасан летоска беа на одмор во Египет, а поголем дел од зимата престојуваа во Њујорк. Нивните пријатели тврдеа дека тие се толку складни и се очекуваше скора венчавка.
Инаку, богатсвото на Џамил се проценува на 1.5 милијарди долари, а неговата компанија е увозник на Тојота во Саудиска Арабија.